ЗА ЉУБОВТТА И ЗА СМИРЕНИЕТО

Старица Гаврилија

мирението и љубовта одат заедно. Кога сакаш еден човек не можеш да бидеш егоистичен кон него. Земи ги (на пример) детето и мајката. Братот и сестрата. Таткото и мајката. Се сеќавам, кога бев дете со мајка ми која ја сакав премногу и со татко ми кој беше толку фин и добар, не се осмелував да имам моја волја, кога мојот егоизам сакаше нешто… Само за да не ги нажалам! Не затоа што не сакав ова или она. Сакав. Но истото се случува и денес. Ако не сторам некое лошо дело, тоа е само затоа што не сакам да Го „нажалам“ Бога. Не затоа што Му се плашам. Бидејќи Го сакам. Не сум заробеник на Бога. Ниту се имам „предадено“, како што се случува во војна. Сакам секој ден да се принесувам себеси. Со сета моја љубов и со сета моја волја, сега додека сум жива, денес а не да сум само едно мртво тело на послушанието. Може и тоа да го правам, ама ќе бидам мртво тело. Му велам: „Го сакам она што Ти го сакаш, Боже мој“. Не можам да го чувствувам тоа поинаку. Така е и со луѓето. Сакам со сето мое срце да ги засакам, и да ги сакам. И не ме интересира воопшто кој е човекот. Човек е. Со едно срце, една душа, еден ум, како мене. Крај!