Koj

Св. Симеон Атонски

Кој е најдобар победник? - Тој што праведно победува.
Кој е најлош победник? - Тој што со сила победува.
Кој е најслаб човек? - Тој што ги победил другите.
Кој е најсилен човек? - Тој што се победил самиот себе.
Која борба е опасна? - Фанатичната.
Кој учител е најдобар? - Страдањето.
Кој учител е најлош? - Насладувањето.
Како да се стане подобар? - Поделија со ближниот неговата сиротост и невоља.
Како да се стане поскромен? - Поделија со ближниот својата слава.
Како да се стане посмирен? - Поделија со ближниот неговата немоќ.
Кое умеење е најдобро? - Умеењето да се прости.
Кое умеење е најтешко? - Умеењето да се молчи.
Кое умеење е најважно? - Умеењето да се праша?
Кое умеење е најнужно? - Умеењето да се слуша.
Која навика е најнепријатна? - Грдењето (навредувањето).
Која навика е најштетна? - Многуговорливоста.
Каков човек најбрзо се приближува кон Бога? - Милосрдниот.
Кој човек е најсилен? - Оној кој е способен да ја постигне Вистината.
Кој човек е најслаб? - Оној кој се надева на својата сила.
Кој човек е најразумен? - Оној кој го следи своето срце.
Кој човек е најсиромашем? - Оној кој повеќе од се ги љуби парите.
Која приврзаност е најопасна? - Приврзаноста кон своето тело.
Со што да се спротивставиме на невољите? - Со смирение.
Со што да се спротивставиме на страданието? - Со трпение.
Кој е знак за здрава душа? - Верата.
Кој е знак за болна душа? - Безнадежноста.
Што е знам за неправилни дејствија? - Раздразнетоста.
Што е знак за добри постапки? - Мир во душата.
Кој човек е жив мртовец? - Рамнодушниот.
Кој човек никогаш нема да умре? - Оној кој Го љуби Бога и ближните.